Трагедија кај Охрид: Едно лице загина во страотна сообраќајка
Велосипедист загина во страотна несреќа која се случи вчера попладне околу 17 часот на патот Охрид-Струга, во близина на аеродромот Свети Апостол Павле.
Несреќата се случила кога се судриле автомобил „Пежо“ со охридски регистрации и велосипедист. За жал, велосипедистот загинал на лице место.
Полицијата работи на утврдување на причините за трагедија.
12.06.2014 - 09:11
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа