Резил: Шеќеринска бара апанажа од Собранието

 

Заменик претседателот на СДСМ, Радмила Шеќеринска, бара апанажа од македонското Собрание. Дел од членовите на комисијата за избори и именувања која заседава во моментов, велат дека потегот на Шеќеринска е врв на лицемерието, бидејќи како што рече пратеникот Ромео Тренов, таа не го признава Собранието, а од него бара пари. Шеќеринска важи за еден од најбогатите пратеници во претходниот состав на Собранието. Таа само од кирии за станот во кој живее зема 5.000 евра месечно.

Покрај Шеќеринска, апанажа побараа и Билјана Казанџиска, Менде Диневски, Станка Атанасова, Самка Ибраимовски, Весна Бендевска, а барањата веќе им се одобрени на Јани Макрадули, Горан Минчев, Гордан Ѓеоргиев и уште неколку истакнати пратеници на опозицијата од претходниот состав.

11.06.2014 - 13:24
Фото: 
пулс24
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега