Голема полициска акција го „стресе" гостиварско

Во акциска контрола на служебниците од полициското одделение Галате, утрово се откриени петмина државјани на Република Албанија во гостиварските села Дебреше и Неготино-Полошко.

По приведувањето, на лицата на возраст од 18 до 48 години, било утврдено дека четворица од нив поседувале документи за идентификација, а едниот бил без документи. Во земјава работеле како аргати по полошките ниви.

Изминатиов викенд, во слична акција, во Гостиварско, откриени беа и депортирани 12 албански државјани без регулиран престој. 

11.06.2014 - 12:31
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега