Починал на лице место - мотоциклист загина во страотна сообраќајка во Битола

Уште една страотна сообраќајна несреќа ја потресе Македонија. Синоќа, на патот Битола - Ресен, кај местото Ѓавато загина 45-годишниот мотоциклист Тони Г. кога возејќи го својот мотор марка “Дукати”, се судрил со автомобил марка Мерцедес.

Според податоците на Нова Македонија, мотоциклистот за жал починал на лице место во страотната сообраќајка. Веднаш по пријавувањето на  местото  на несреќата излегла  увидна екипа, која  неколку часа го блокира сообраќајот на овој патен правец и истиот го пренасочи по стариот пат Битола- Ресен.

Тони Гулевски  беше претседател на мото клубот “ ЛТД” Битола  и организатор на  мото трките “ Братиндол “ во Битола и главен спонзор на битолските моторџии.

11.06.2014 - 11:07
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега