Фатен малолетник кој „оперирал" низ училиштата и куќите во тетовско

Малолетник од Тетово крадел по училишта и куќи. Се работи за 15-годишниот З.З. и 20-годишниот Б.А. од селото Чифлик, тетовско кои со употреба на тврд предмет го скршиле стаклото од влезната врата од Основното Училиште „Пашко Васа“ во Групчин и украле два лап топ компјутери.

Потоа, двајцата крадци со употреба на погоден алат извршиле тешка кражба во куќата на лице кое е на привремена работа во Данска, од каде одзеле два телевизори и златен накит.

 

10.06.2014 - 13:10
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега