Од концерт во МКЦ итно пренесена во болница - еве што се случило

Несреќа се случила за време на синоќешниот концерт на бразилската група „Сепултура“ во МКЦ. Според податоците на Либертас, девојка со тешки повреди и во безсознание била итно пренесена во болница откако на неа паднал извесен Ристе, кој понесен од атмосферата се качувал на рефлекторите, но се лизнал и паднал.

- Човекот кој се качи на рефлекторите беше тежок. Мислевме дека девојката е мрвта, но мрдаше.Дојде брза помош и ја однесе, изјавил очевидец за Либертас.

10.06.2014 - 10:28
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега