Кралев: Нема екстерно - нема свидетелства
Почнувајќи од денеска па се до осми јуни, 200 илјади основци и средношколци, како и 15 илјади професори ќе бидат подложени на екстерно тестирање, чија цел е да се оцени објективноста на професорите при пишувањето оценки на учениците.
Ги повикувам сите ученци што ќе бидат опфатени со екстерното тестирање да ја искорисат оваа можност за да го прикажат своето знаење стекнато во текот на учебната година. Верувам дека по завршувањето на периодот на тестирањето сите заедно ќе можеме да ги согледаме неопходните реформи за подобрување на нашиот образвен систем. Апелирам до сите ученици да не се отсуствува неоправдано од тестирањето бидејќи тие ученици нема да добијат свидетелства, изјави министерот Панче Кралев за Дневник.