Невработеноста во Хрватска во месец април 20,9 проценти
- Невработеноста во Хрватска во април изнесувала 20,9 проценти, соопшти хрватскиот Државен завод за статистика, пренеусва БТА.
Тоа претставува намалување од 0,7 проценти во однос на март, кога невработеноста достигна 21,6 отсто. На годишно ниво невработеноста бележи раст од 1,8 проценти.
Хрватскиот Државен завод за статистика неодамна објави дека во земјата има 355.598 невработени.