Димитриев не е предложен за министер за да остане генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
Досегашниот заменик министер за одбрана, Емил Димитриев не е предложен за прв човек на министерството за да може да продолжи да биде генерален секретар на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ.
Тој на оваа партиска функција е од месец јули минатата година и истата ја извршува одговорно и успешно.
Чести промени на функцијата генерален секретар, би оделе на штета на владејачката партија.
Димитриев на оваа функција, во услови кога Груевски ја води македонската Влада, е практично клучна фигура во организирањето на партијата.
08.06.2014 - 20:36
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа