Сирачињата од кичевско добија облека и обувки
Хуманитарната организација „Класје на добрината“ денеска им додели облека, обувки и парични средства на децата без родители од кичевско.
Секретарот на организацијата Сефер Ибиши истакна дека средствата се собрани од хуманитрниот концерт на 17 мај, од донации од приватни фирми, но во акцијата многу помогнала и општината Кичево.
Освен за сирачињата, „Класје на добрината“ предвидува помош и за социјално загрозени семејства.
07.06.2014 - 14:12
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа