Пресврт во преговорите за нова Влада: Еве кој ќе биде нов министер за образвоание

 

Абдулаќим Адеми ќе биде нов министер за образование јавува телевизијата Алсат. Според информациите објавени таму, ова министерство а не Труд и социјала е договорено како заемна за министерството за одбрана каде што извесен министер е Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Емил Димитриев. 
Алсат пишува дека нов министер за правда ќе биде Аднан Јашари кој доаѓа на местото на Блерим Беџети, додека Лирим Шабани, ќе биде нов министер за локална самоуправа. Беким Незири, човекот чие име се споменуваше како може министер за труд и социјала, според Алсат, ќе биде прв човек во Министерството за економија на местото на Ваљон Сараќини. 
За министерството за екологија, според Алсат, најсериозен кандидат е Хазби Лика. 
Талат Џафери дефинитивно си заминува од извршната власт и според Алсат, ќе ја предводи пратеничката група на ДУИ.
Press24 вчера објави дека во македонскиот политички блок, нов министер ќе биде Михаил Цветков, кој седнува во фотелјата на Љупчо Димовски во Министерството за земјоделство, како и Горан Мицковски кој ќе биде нов министер задолжен за привлекување странски инвестиции. 
Неизвесно е што ќе се случува во Министерството за труд и социјала. Доколку се покажат како точни информациите на Алсат и овој ресор остане во ВМРО-ДПМНЕ, нема информации дали и натаму ќе го води Диме Спасов бидјеќи извесна е и можноста, Спиро Ристовски да се врати во оваа фотелја, доколку на негово место дојде кадар од ДУИ.
За во останатите минсистерства не се најавуваат промени. Сигурни се Ставрески, Јанкулоска, Јанакиески, Муса Џафери и Фатмир Бесими.
Рокот за поднесување на владината програма и персоналниот состав до Собранието истекува во понеделник

Клик за поголема верзија

07.06.2014 - 11:46
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега