Заев ја почна чистката во СДСМ - прв на удар претседателот на СДММ
Зоран Заев ја почна чистката во сопствената партјиа. Прв на удар е претседателот на социјалдемократската младина, Стефан Богоев. Пред два дена, Заев го именуваше Фидан Колев за советник за младинска политика, позиција која за прв пат се воведува во опозициските редови и која е замислена за да му биде директна конкуренција на претседателот на СДММ.
Инаку Фидан Колев е човек од доверба на Зоран Заев. Тој му беше и противкандидат на Богоев на внатрепартиските избори на СДММ, но лидерот тогаш не успеа да го протне на челната позиција на младината.
Целтана Заев, според нашите извори е да ј маргинализира улогата на Богоев, кој пак на последниот Конгрес на СДСМ застана зад предлогот на Црвенковски за смена на Заев.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа