ВИДЕО: Заев тврдеше дека изградбата на „Глобал“ е законита, па го легализираше како дивоградба
Решението за легализација потпишано во јануари годинава лично од струмичкиот градоначалник и лидер на СДСМ Зоран Заев потврдува дека трговскиот центар „Глобал“ бил изграден преку приватно партнерство со општината, нелегално и како дивоградба, пишува денеска Курир.
Со параф ставен на решението од Заев, „Глобал“ денеска е легализиран трговски центар, инаку претходно дивоградба изграден противправно на државно земјиште и на дел од парцели кои биле предмет на денационализација.
Искористувањето на Законот за легализација од страна на бизнис партнерите на Заев, Бранко Стамболиски и Горан Крстев, инаку првично наменет за најсиромашните, им донесе милиони и корисна површина од над 20 илјади метри квадратни во центарот на Струмица.
Она што е нечесно е што од почетокот на аферата, Зоран Заев тврдеше дека Глобал е целосно легален, докажана била законитоста и комплетноста на постапката и изградбата на „Глобал“ била чиста како солза.
-Се потврдува законитоста и комплетноста на постапката за изградбата на „Глобал“. Повторувам, покажавме законитост и комплетност на постапката. Изградбата на „Глобал“ е чиста како солза, тврдеше Заев во 2011 година, три години откако тој и негови соработници беа амнестирани од одговорност токму за овој случај од Бранко Црвенковски, осомничени за криминал од над 8 милиони евра.
Заев иако го тврдеше ова, сепак во јануари годинава лично потпишал документ за легализација на „Глобал“, што значи дека и самиот знаел и бил свесен дека „Глобал“ е дивоградба и не е во согласност со законите, но очигледно не му сметало да ја залажува јавноста.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа