Монструм: Жими Господ не сум ги убил децата - ослободителни пресуди за обвинетите

Ослободителни пресуди за обвинетите од судскиот процес Монструм, побараа нивните адвокати во завршните зборови.  Ги оспорија доказите  на обвинителство, за клучниот загрозен сведок Е1 велат дека давал контрадикторни изјави, а обвинението според нив е базирано само на претпоставки. Се колнам во Господ, дека не сум извршител на ова дело – рече Агим Исмаиловиќ, кој е обвинет дека пукал во момчињата.

Адвокатот Насер Рауфи, кој во овој случај е бранител на 5мина од 7 обвинети го оспори и клучниот материјален доказ на обвинителство. ДНК од Алил Демири најдена на наслонот од задното седиште на опел омегата , која беше пронајдена во близина на Смилковско езеро.

Обвинителство тврди дека овие обвинети извршиле ликвидација на петмина млади македонци за да влеат страв меѓу македонското население.  Велигденскиот масакр се случи пред 2 години. Неизвесна е и екстрадицијата на Демири и Исмаиловиќ од Косовски затвор.

Пресудата за случајот Монструм судот ќе ја соопшти за две недели - на 18 јуни.

05.06.2014 - 21:15
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега