СДСМ го демантира Press24: Не бегавме од новинарите

 

СДСМ ја демантира информацијата која ја објави Press24 дека по средбата побегнале од македонските новинари. 

Во демантот кој партијата го испрати до нашата редакција, стои дека не бегале од новинарите, туку од претходно им најавиле дека по средбата со еврокомесарот Филе, нека да следат изјави. 

Press24 во согласност со новинарските стандарди интегрално ги објавува демантите и реакциите на сопствените информации. Во овој случај ќе направиме исклучок, бидјеќи демантот на партијата СДСМ, не соодвествува со стандардите за ваков тип на соопштенија. Имено, партијата СДСМ во својот допис до Press24 освен демант на информацијата користи и квалификации и конструкции кои не соодветствуваат на политички субјект кои како еден од приоритетите си ги поставува слободата на изразувањето и слободата на медиумите

05.06.2014 - 14:07
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега