Заев и Шекеринска не откриваат што им порачал Филе
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев и заменик претседателката Радмила Шекеринска денеска во Брисел остварија средна со комесарот за проширување на Европската унија, Штефан Филе.
-На средбата се разговараше за наодите на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР којашто констатираше спојување на партијата и државата, партизирано судство, пристрасни медиуми, партизирани институции, отсуство на фер натпревар. Претседателот Заев и заменик претседателката Шекеринска на средбата истакнаа дека токму тоа се причините за непризнавање на изборниот процес и за неучество на опозицијата во Парламентот. Тие укажаа дека опозицијата е целосно свесна за тежината на ваквата одлука, но дека власта е таа којашто спречува да дојде до израз вистинската волја на гласачите, стои во денешното соопштение од СДСМ.
Воедно, информираат од СДСМ, била изразена подготвеност опозицијата да почне преговори со власта за формирање техничка влада и за механизми што ќе овозможат слободни, фер и демократски избори.
Од партијата не откриваат што им порачал Филе на лидерот Заев и неговата заменичка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа