Заев и Шеќеринска повторно побегнаа од македонските новинари

 

Лидерскиот двоец на македонската опозициска партија СДСМ, Зоран Заев и Радмила Шекеринска, при денешната средба со комесарот за проширување на Европската унија, Штефан Филе, повторно одбија да дадат изјава за дописникот на МИА од Брисел.

Пред почетокот на овој состанок во зградата „Берлемонт“ во европската престолнина, Заев и Шекеринска 15-тина минути чекаа да бидат примени од еврокомесарот, кој половина час претпладне се сретна со водечката двојка на најголемата македонска опозициска партија.

Пред почетокот на средбата, Заев и Шекеринска одбија да дадат изјава за МИА, најавувајќи партиско соопштение од централата на СДСМ.

Ова е вторпат, по средбата Заев-Шекеринска-Филе на Божик (7. јануари) оваа година, претседателот и потпретседателот на македонските социјал-демократи да одбијат да дадат изјава за државната агенција.

Инаку, според најавите од СДСМ, по денешната средба со комесарот за проширување на ЕУ, Заев и Шекеринска ќе ја посетат и централата на Партијата на европските социјалисти (ПЕС), каде ќе разговараат со своите европски сопартијци за политичката состојба во Македонија, но и во Унијата.

05.06.2014 - 12:20
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега