Лажел дека не е Косовец на скопскиот аеродром - еве што го снашло

 

29 годишниот Г.А. од Косово си заработи кривична пријава поради фалсификување документи.

Според МВР, вчера наутро, на граничниот премин „Александар Велики“ на излез од Македонија, Г.А. приложил словенечки пасош, но, граничната полиција се посомневала и се решила да го провери.

Кај Г.А. и во неговиот багаж биле пронајдени неговите косовски пасош и возачка дозвола, а било утврдено дека словенечките документите биле фалсификувани. На Г.А. му била одредена затворска казна од една година, која нема да ја издржува доколку во следните три години од правосилноста не стори кривично дело.

Г.А. е протеран од Македонија и нема право да се врати во следните 5 години. 

 

05.06.2014 - 11:56
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега