Куманово: Го оставиле да лежи крвав и онесвестен - вежно му го зеле автомобилот

Кумановчаните М.С.(35), Б.С.(32) и И.С.(25) си заработија кривични пријави за сторено кривично дело „насилство“, откако на 20. мај годинава нападнале кумановчанец и му го украле автомобилот.

Според информациите од МВР; тројцата кумановчани, со два автомобили му го попречиле патот на 34 годишниот Ш.С. на улицата „Петар Драпшин“ во Куманово. ТИе го нападнале удирајќи го со безбол палки во пределот на главата. Ш.С. паднал во бессознание, но, насилниците продолжиле да го удираат. Откако крвнички го претепале, му ги одзеле клучевите од автомобилот и избегале.

04.06.2014 - 13:53
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега