Трагедија: Воз уби човек на пругата Битола - Лознани

40 годишен маж загина во страотна железничка несреќа која се случила во близина на пругата Битола - Лознани, објавува Канал 5.

Несреќата се случила синоќа, кога возот кој сообраќајал од Битола кон Скопје удрил во мажот кој се движел по пругата. Според податоците од битолската полиција, возачот му свирел на човекот да се тргне, но, тој продолжил да оди.

Засега неидентификуваниот маж починал на лице место. Од битолската полиција велат дека обдукцијата е во тек.

04.06.2014 - 11:21
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега