Сицилијанската мафија заглави на македонската Царина

Сицилијанската мафија не успеа да ја сокрие марихуаната од македонската царина. Возилото кое било подготвено за транспорт на дрога од италијанските специјалци, заглавило на скенерот на Блаце. Албански државјанин по неуспехот да ја мине границата кон Србија преку Косово, се обидел да транзитира низ земјава, но потегот го однесе зад решетки. 25те пакетчиња тешки 15 килограми, марихуана од познатото село Лазарат сега е во депото на царина. Дрогата според тврдењата на приведениот била нарачана од Србин кој живеел на Сицилија. Возачот на автомобилот добил пари за да купи од Лазарат, ја спакувал и сместил во подготвениот автомобил а целта била да ја внесе во Србија.

Вредноста на запленетата марихуана, според проценките на царината, при продажба на големо на црниот нарко пазар би достигнала вредност од 45 илјади евра.

Покрај царината, од почетокот на годината, само во рамки на акцијата мрежа, македонската полиција досега заплени над половина тон различни наркотици. 

03.06.2014 - 23:17
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега