Полнач за мобилен запали стан во Штип
Во штипската населба Сењак попладнево се случи пожар во гарсоњера во станбена зграда спроти спортската сала „Јордан Мијалков“. Огнот го зафатил креветот и постелнината, а очевидци велат дека станот бил спасен благодарение на брзата интервенција на пожарникарите.
Според првичните информации пожарот е предизвикан од полнач на мобилен телефон.
Осум пожарникари учествувавме во акцијата, а за да не се направи поголема штета пожарот не го гасневме со вода, туку со противпожарни апарати, пренесе МИА.
За среќа во пожарот нема повредени.
03.06.2014 - 15:42
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа