ВИДЕО: Голема полициска акција кај Велешта

До половина тон стигна заплената на македонската полиција во акцијата Мрежа. Депото на МВР од денеска добива нови 23 килограми марихуана, запленети во близина на струшка Велешта. Според информациите кои ги објави полицијата, станува збор за меѓународен шверцерски канал кој од Албанија, преку Македонија и Србија требало да заврши во Хрватска. Дрогата била набавена од Албанија. Препакувана во Македонија, требало да заврши во Хрватска, но полицијата ја запрела во Велешта, по претходни сознаија, дека препакувањето се вршело во Дебар. 
Приведени се 4 македонски и 3 хрватски државјани а по двајца Албанци се уште се трага.

02.06.2014 - 14:19
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега