Еве колку слободни работни места има во Македонија

Во Македонија во првиот квартал имало 6.503 слободни работни места. Најмногу 2.266 слободни работни местабиле во преработувачката индустрија.

Според податоците кои денеска ги објави Државниот завод за статистика, гледано по региони, најмногу слободни работни места, 2.447, имало во Скопскиот, во Врдарскиот имало 1.180, а најмалку во Полошкиот 195 слободни работни места.

Од претпријатијата најмногу 1.648 се барале ракувачи и составувачи на машини, 1.601 работно место биле за услужната дејност, а биле барани и 480 стручњаци и научници.

02.06.2014 - 13:28
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа