ФОТО: Македонец се обидел да шверцува злато вредно 12.000 евра

Српската полиција фатила македонски државјанин кој се обидел да прошверцува половина килограм злато. Се работи за злато вредно 12.000 евра откриено во автомобил марка „опел вектра“ со  која Македонецот патувал од Македонија во Швајцарија.

Македонецот златото го сокрил вокутија и го ставил на задното седиште од автомобилот. 

Против македонскиот државјанин е покрената постапка, а накитот и автомобилот се задржани.

02.06.2014 - 10:37
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега