Починал на лице место - крвава сообраќајка во Љуботен

Жител на селото Љуботен го загубил животот во страотна сообраќајка пред влезот на селото.

Се работи за 33-годишен жител на селото, Нуредин Н. кој починал откако околу 12 часот и 20 минути дошло до судир меѓу Пасат и Волксваген, со скопски регитерски таблички. Со тешки повреди се здобила сопатничката од Пасатот, 53-годишната И.Р. која е пренесена на скопските клиники, додека полесно повреден бил 31-годишниот возач В.С. 

02.06.2014 - 10:21
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега