ФОТО: Еве како се случила катастрофата во Обреновац
Српски Блиц објави фотографија на која се гледа дека државната агенција „Србија води“ го уништила регионалниот пат кај Коцељев и со тоа реката Тамнава била насочена кон Обреновац.
Директорот на агенцијата „Србија води“ тврди дека патот не бил миниран туку дека на местото каде водата надоаѓала бил направен отвор за да може да истекува низводно во нивите и дека со тоа спасиле ги неколкуте илјади куќи и граѓаните на Коцељев.
- Во спротивно водата ќе беше до покривите и ситуацијата ќе беше многу поопасна, изјавил Горан Пузовиќ за српски Блиц.
01.06.2014 - 15:05
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа