Претепале полицаец среде натпревар - хаос на градскиот стадион во Штип

Во текот на вчерашниот ден околу 18 часот и 30 минути на градскиот стадион во Штип, по завршување на фудбалскиот натпревар помеѓу ФК-Победа Јуниор од Прилеп и ФК-Влазрими од Кичево, навивачите од навивачката група „Мајмуни“ на ФК-Победа Јуниор, почнале да скандираат пароли со национална омраза против навивачите на ФК-Влазрими и се обиделе да се прекачат преку оградата и да влезат на  теренот, при што од страна на полицијата со поставување во кордон биле спречени во намерата, но истите продолжиле со извикување на пароли со национална омраза и со обид да го пробијат кордонот, 22-годишните А.З. и М.Д. од Штип постојано ги повикувале навивачите физички да се пресметаат со полициските службеници и упатувале разни навреди кон униформираните полициски службеници.

Според податоците од полицијата, А.З. им ги влечел штитовите и удирал со нозе по нив, а во еден момент физички нападнал еден униформиран полициски службеник удирајќи го со тупаница во пределот на носот. Истиот е совладан и приведен.

01.06.2014 - 12:44
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега