Незири на првиот ден од државната матура во училишта во Куманово

 

Навреме започна полагањето на државната матура, нема никакви проблеми ниту организациони, ниту административни, рече заменик-министерот за образование и наука, Сафет Незири при денешната посета на кумановската гимназија "Сами Фрашери" и Средното општинско училиште „Наце Буѓони", каде што наставата се одвива на албански наставен јазик.

- Целта ни е да видиме одблиску како се одвива државната матура. Врз база на информациите на национално ниво во сите средни училишта на ниво на Република Македонија, навремено доставени се материјалите за полагање на државна матура, а исто така, навремено е почнато полагањето на државната матура, вели заменик министерот.

Незири информираше дека за процесот на полагање на државната матура одредени се 2.000 тестатори, 500 оценувачи, 24 локални координатори, 200 овластени набљудувачи,за кои што нагласи заменик министерот, имаат право директно да влезат во просториите и да ја проверат состојбата.

Според заменик-министерот за образование и наука, оваа година регистриран е зголемен број на ученици кои пријавиле да полагаат бизнис.

- Интересен е фактот што за разлика од минатата година, на основно и напредно ниво по матаматика има зголелемн број на ученици, не зборуваме за поедини училишта, туку за национално ниво. Исто такам, 5.180 ученици го пријавиле прв пат предметот бизнис, што значи дека има заинтересираност кај учениците за бизнис, да се запишат на тие факултети. Исто така, интересен е фактот што оние ученици кои пријавиле математика однапред имаме сознанија дека тие имаат можност да се пријават или да се запишат на техничките или природно-математичките факултети, вели Незири.

Оваа година, нагласи заменик-министерот прв пат се полага три плус еден, односно три екстерни и еден интерен предмет што го одредува самото училиште.

- Досега, според информациите, уште еднаш сакам да конастаирам дека немаме никакви забелешки ниту примедби, немаме воопшто проблеми во оваа насока, вели Незири.

Директорот на „Сами Фрашери", Хисен Рамадани, информираше дека денеска полагаат 291 ученик.

- Очекувам да се повтори успехот како и претходните години, вели Рамадани.

Во СОУ „Наце Буѓони", мајчин јазик полагаат 224 ученици. И заменик-директорот на „Наце Буѓони", Неџмедин Салиу, очекува учениците да постигнат добри резултати. 

31.05.2014 - 13:29
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега