Идентификувани уште седум учесници во протестите во Ѓорче

Врз основа на претходно обезбедените снимки од разни извори, Министерството за внатрешни работи во координација со надлежниот Јавен обвинител, продолжи со расчистување и документирање на инцидентите и нарушувањата на јавниот ред и мир при протестите во Ѓорче Петров на 20.05.2014 година.

 Единицата за насилен криминал-Одделение за насилен криминал при СВР Скопје, поднесе кривична пријава до ОЈО-Скопје против 17-годишниот В.М. 15-годишниот Љ.Ј. 15-годишниот М.В. 17-годишниот М.Д. 16-годишниот Е.Ј. 17-годишниот Д.С. и 15-годишниот С.М. поради постоење основано сомнение дека сториле  кривично дело „Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење службено дејствије“  предвидено и казниво по член 384  од КЗ на РМ.

Пријавените, околу 20,00 часот, на ненајавен протестен собир на улица „Ѓорче Петров“ во близина на болницата „Св.Лазар“ во населба Ѓорче Петров, а потоа и кај старото кино „Ѓорче Петров“, учествувајќи во толпа со заедничко дејствување спречиле полициски службени лица во вршење на службено дејствије-воспоставување на јавен ред и мир и при тоа со фрлање на тврди предмети-камења, како и други дејствија, телесно повредиле 10 полициските службени лица, со што сториле кривично дело „Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење службено дејствије“.

Имено, пријавените  на 20.05.2014 година околу 18,00 часот се собрале пред болницата „Св.Лазар“ во населба Ѓорче Петров да изразат револт во врска со убиство извршено на 19.05.2014 година пред болницата „Св.Лазар“ -  Скопје. На протестот присуствувале околу 500 граѓани а за воспоставување на ЈРМ, од страна на МВР - СВР-Скопје биле ангажирани полициски службеници од редовниот полициски состав и од Единицата за брзо распоредување. При тоа, горепријавените, учествувајќи во толпа се обиделе да ги спречат полициските службеници  во вршење на службени дејствија за одржување на ЈРМ односно се обиделе да го пробијат кордонот што бил поставен за спречување на премин на насобраната маса граѓани, по што пријавените со метални палки и камења почнале да фрлаат кон полициските службеници од кордонот, обидуваќи се истиот да го разбијат и да преминат на другата страна со цел да се упатат кон центар Скопје, при тоа  ги  повредиле горенаведените полициските службеници. На јасно издадените наредби од УПС да престанат со нарушувањето на ЈРМ, пријавените се оглушиле и продолжиле со зедничко дејствување во спречувањето на вршењето на службените дејствија.

По превземените мерки и активности како и од извршениот преглед во снимениот видео запис, утврден е идентитетот на пријавените и со истите се извршени разговори. Од страна на ЕНК - Одделение за насилен криминал и понатаму се работи на прибирање сознанија и за други учесници, сторители на кривично правни настани.

31.05.2014 - 12:33
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега