Хорор за малолетничка од Скопје: Ги запознала на Фејсбук па ја силувале

32-годишната Т.Ѓ. од Скопје вчера пријавила дека пред три дена во периодот од 13 часот и 30 минути до 2 часот по полноќ, од страна на две лица била силувана нејзината 14 годишна ќерка.

Според податоците од полицијата, на 27,лице кое нејзината ќерка го запознала на Фејсбук, дошло во Основното училиште каде што таа учела, ја повикал и ја внел во патничко моторно возило црвена боја и ја однел во парк, каде што ги чекало второто лице кое нејзиниот познаник од „Фејсбук“ го представил дека му е брат. Истите седнале на клупа по што двајцата ја допирале по градите и гениталиите, и ја соблекле блузата, а кога сакале да и ги соблечат хеланките, таа со нога удрила еден од нив. Двајцата потоа ја викнале да дојде и влегле во тоалет на една од клиниките, каде што таа под закана била полово нападната.

Полициската станица Аеродром превзема мерки за расчистување на настанот.

31.05.2014 - 11:40
Фото: 
Попара.мк
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега