Утврден идентитетот на мртвиот маж пронајден кај браната на вештачкото езеро во Прилеп

Под браната на вештачкото езеро во Прилеп вчера околу 14 часот пронајден е машки труп. Чуварот на браната го пронашол трупот и ги информирал полицијата и итната помош.

Според податоците од полицијата, се работи за 36-годишниот Рампо В. од Прилеп. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.

Телото на починатиот е предадено на обдукција.

31.05.2014 - 11:36
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега