Случај Монструм: Пукавме на Велики четврток за да ви биде крвав Велигден

„Пукаме на Велики четврток за да ви биде крвав Велигден. За да ви ја уништиме верата. Пукаме во машки млади луѓе за да ви ја уништиме нацијата. Пукаме во иднината на државата“ - ова во својот завршен збор на денешното судење за случајот Монструм го кажа обивнителката Гешковска, пренесе 24Вести.
Рече дека не е сучаен денот Велки четврток 12.04.2012 кога се случи убиството кај Смилковци. Намерата била да се убијат само машки млади лица од македонска христијанска националност. 
Според обвинителката, целта на убијците била да се предизвика чувство на несигурност. Таа побара тие да бидат најстрого казнети за кривичното дело Тероризам и осудени на доживотен затвор.
Рече дека завршниот збор и е краток како и животот на четирите млади момчиња. 

На велики четврток пред 2 години на Смилковксото Езеро убиени беа 5 лица, меѓу кои 4 млади момчиња, од Скопје. 

За убиството обвинети се 6 лица, од кои двајца се во затвор во Косово. 

30.05.2014 - 13:35
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега