Си ја задавил сопругата со која има три деца - хорор во Босна
Си ја видела ќерката како мртва лежи на кревет. Уште еден хорор деновиве ја потресе БиХ.
Според податоците на српскиот Курир, 33-годишен Босанец си ја задавил сопругата, од засега непознати причини. Двајцата живееле во Австрија и како што велат сите нивни пријатели и соседи, биле сосема нормално и среќно семејство. Истрагата покажала дека жената била задавена, а засега не се знае дали хоророт се случувал пред очите на нивните три малолетни дечиња.
- Дефинитивно се работи за убиство. Жената била задавена, но засега не се познати мотивите, велат од полицијата. Наводно, сопругот повикал брза помош откако го напрвил грозоморното дело, но потоа сам и се предал на полицијата.
Од друга страна, соседите на семејството велат дека секогаш биле смирени и расположени и дека во домот владеела хармонија. Немаат идеја зошто сопругот го извршил убиството.
Телото на жената го пронашла нејзината мајка која е скршена од болка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа