Наместо да дели пензии ги ставал парите во џеб - еве што направил поштар од Радовиш

Радовишанец си заработи кривична пријава бидејќи ја злоупотребил службената положба. Според податоците од полицијата, се работи за 30-годишниот Д.И. поштар-разнесувач во АД „Македонски Пошти“ подружница Радовиш, кој минатиот месец, парични средства во висина од 39.943 денари кои му биле доверени за исплата на пензии, противправно ги присвоил за себе, а на задолжените налози за исплата на готовина во рубриката потпис на примачот, истиот своерачно ги потпишал во име на трето лице различно од примачот за кого биле наменети средствата. По ова, вака потпишаните налози ги користел за раздолжување кај претпоставените во АД „Македонски Пошти“ подружница Радовиш.

30.05.2014 - 12:22
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега