Убиени двајца криминалци во Подгорица
Двајца мажи изминатата ноќ беа застрелани на улица во Подгорица. Црногорски медиуми јавуваат дека жртвите се познатиот криминалец Винету Стругар и неговиот телохранител Миќо Радевиќ, кои биле убиени додека оделе по улица.
Според неофицијална информација, врз нив било пукано од автомобил со босанскохерцеговска регистрација, кој потоа бил запален.
Како што претпоставува полицијата сторителите победгнале со мотор.
30.05.2014 - 10:02
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа