ФОТО: „Свети Јован Канео“ меѓу 65-те најубави цркви во светот
Црквата „Свети Јован Канео“ во Охрид се најде меѓу изборот од 65 најубави цркви во светот според италијанската RAI STORIA.
Црквата е со правоаголна основа , со впишан крст во внатрешен простор , тристрана апсида на источната страна и октогонална купола што се потпира врз четири правилни столпци со помош на пандантиф. Градена од делкан камен во долниот дел со наизменични хоризонтални и вертикални делови на делкан бигор и тула во горниот дел. На апсидата, источната страна и куполата има керамопластично украсување на изгледот на фасадите.
29.05.2014 - 13:46
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа