„Мај-месец на велосипедистите“

 

Републичкиот совет за безбедност во собраќајот и патиштата и Велосипедската федерација на Македонија денеска на прес-конференција ги најавија завршните активности на кампањата „Мај-Месец на велосипади“ во кои се предвидени два настани.

На 1. Јули ќе се реализира велосипедска манифестацијата „Прв до врв“ која беше одложена на 14. мај поради непогодните временски услови во Скопје. Велосипедската тура започнува во 9 часот пред ОУ „Кочо Рацин“, а ќе се вози до врвот на Водно. Учесници на велосипедската тура се членови на повеќе велосипедски клубови од Македонија, учесници од основните и средните училишта и сите заинтересирани граѓани на Македонија.

Портпаролот на РСБСП Тоше Јанев појасни дека со овие манифестации се промовира велосипедот како сообраќајно рекреативно средство, како и подигање на јавната свест за поголема безбедност на велосипедистите во сообраќајот.

- Активностите што поминаа во овој месец во склоп на „месецот на велосипеди“ беа интезивни и ги покрија активностите на велосипедистите а посебно на локалните самоуправи на сите нивоа. Покренати се многу актуелни прашања, посебно на прашањата кои се однесуваат на одбележување на велосипедските патеки, направени се анализи каде е возможно да се воведат велосипедски патеки и се што требе за да се овозможи поголема безбедност и комоција за велосипедистите во сообраќајот, посочи Јанев. 

29.05.2014 - 13:19
Фото: 
Кирилица
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега