Внимавајте - нов вирус кружи на Facebook
Ако ваква порака добиете на Фејсбук од вашиот пријател, не ја отварајте бидејќи е вирус. Сите ние донекаде сме навикнати на тоа дека на „Фејсбук“ има многу вируси, но секој нов предизвикува паника меѓу корисниците. Неодамна се појави вирусот „LOL“, a сега има нова верзија наречена „hahaha“.
Името на фајлот е „DSCN_xxxxx.zip“, во кој „xxxxx“ претставуа некој случаен број. Тој со текот на времето се менува за да ги привлече корисниците да кликнат и да се „заразат“.
„Фејсбук“ најави дека наскоро ќе вклучи антивирус софтвер, па се надеваме дека овие појави ќе бидат се поретки.
29.05.2014 - 12:11
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа