Министерот Попоски утре на работен состанок во Брисел
На покана на Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Кетрин Ештон, министерот за надворешна работи на Република Македонија Никола Попоски утре во Брисел ќе учествува на годишниот традиционален состанок на министрите за надворешни работи на земјите - членки на Европската унија и на земјите - кандидати за членство во ЕУ: Македонија, Исланд, Црна Гора, Србија и Турција.
Главна тема на состанокот ќе биде стабилноста во соседството на ЕУ, при што се очекува дискусиите да бидат фокусирани на ситуацијата во Сирија, како и на перспективите за продлабочување на односите и соработката на ЕУ со земјите од Источното Партнерство.
Во рамките на престојот во Брисел, предвидено е министерот Попоски да оствари средба со Генералниот директор за проширување на ЕУ во Европската комисија Стефано Санино.
ФОТО: Денешен