Топузовска: Вечерва не сум добра, да се слушнеме утре

 

„Вечерва не ми е добро, да се слушнеме утре“. Ваков одговор за Либертас вечерва дала Роза Топузовска Каревска на прашањето, дали утре заедно со останатите пратеници ќе ја поднесе оставката во македонското Собрание.

Топузовска денеска бил единствениот пратнеик на опозицијата кој не се појавил на состанокот на Бихаќка. Наместо неа, присуствувал Андреј Жерновски, кој како што пишуваат медиумите под контрола на опозицијата, рекол дека со неа нема контакт и дека таа веќе не работи во општина Центар.

Каревска беше единствениот пратеник кој не поднесе оставка на нотар па големи се шансите таа да се врати во Собранието.

 

27.05.2014 - 23:05
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега