Кралски погреб во Србија: Конечно сите од семејството Караѓорѓевиќ почиваат во мир на исто место
Посмртните останки на четворица членови на југословенското кралско семејство Караѓорѓевиќ денеска беа погребани во Опленац, Централна Србија.
Погребот беше извршен со највисоки државни почести.
Ковчегот на крал Петар Втори Караѓорѓевиќ беше носен од гардата на српската армија, а другите три ковчези на сопругата на Петар кралицата Александра, неговата мајка кралицата Марија и на неговиот брат Андреј, беа носени од членовите на Асоцијација Кралство Србија.
На церемонијата присуствуваа претседателот и премиерот на Србија, Томислав Николиќ и Ивица Дачиќ, членови на владата и на кралското семејство Караѓорѓевиќ, дипломати, претседателот на Републиак Српска Милорад Додиќ и голем број граѓани.
Литургија одржа српскиот патријарх Иринеј.
Посмртните останки на Крал Петар Втори беа донесени во Србија во јануари од САД, додека на неговата сопруга од Грција, а на мајка му од Велика Британија и на брат му од САД.
Членовите на кралското семејство беа погребани на различни места, каде што живееја во прогонство, откако по Втората светска војна им беше забрането да се вратат во Југославија.
ФОТО: Телеграф