Црна Гора очекува покана за членство во НАТО на следниот самит

 

На следниот Самит на НАТО што ќе се одржи во септември во Велика Британија, Црна Гора очекува покана за членство во Алијансата, изјави денеска црногорскиот претседателот Филип Вујановиќ.

На средба со членовите на Работната група на Советот на ЕУ за проширување, Вујановиќ ја истакна потребата за членство на Црна Гора во НАТО и очекувањето поканата за членството да дојде на следниот Самит на Алијансата во Велика Британија, соошти кабинетот на Вујановиќ.

Црногорскиот претседател пред гостите ја претставил политичката и економска ситуација во земјата и активностите во процесот на интеграција, детално објаснувајќи ја потребата од добра динамика во европските интеграции и продолжување на актуелната поддршка на јавноста на овие интегративни процеси.

Претседателот на Црна Гора пред европските дипломати ги наброил значајните инвестиции и проекти што гарантираат подобрување на економскиот амбиент и подобар живот за граѓаните, се истакнува во соопштемието од неговиот кабинет. 

27.05.2014 - 18:24
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега