Стогодишна старица од Штип пушти реконструирана чешма во употреба
Во штипското село Сарчиево свечено се пушти во употреба реконструираната чешма. Црвената лента ја пресече стогодишната Савка Милева. Оваа едовековна старица вели дека реконструираната чешма за селото значи живот и покрај тоа што во него останале само неколку жители.
- Не лежам, седам и одам по терасата. Убаво сум чувана, вели Милева, која живее во село Сарчиево, во кое во два наврати се готвеше Гинисовото гравче.
Градоначалникот на општина Штип, Илчо Захариев изјави дека за еден месец оваа село ќе добие и свој плоштад, а се надева дека со ваквите инвестиции пополека и младите ќе се вратат на своите стари огништа. Реконструкцијата на селеската чешма е лична инвестиција на градоначалникот Захариев.
ФОТО: Утрински