"Каде беше до сега"- жителите на поплавеното село го нападнаа градоначалникот
Градоначалникот на српски Пожаревац, Миомир Илиќ, во петокот бил во обиколка на селото Маљуревац, кое било целосно поплавено неколку денови претходно. Илиќ бил нападнат од мештаните, на кои поплавите им уништиле се' што имале.
- "Каде беше до сега? Каде беше во саботата и неделата? Дојде денес да се сликаш, како не ти е срам! Види колку ве има сега! Сите дојдовте да се сликате", велеле мештаните.
27.05.2014 - 11:47
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа