Ниш: Уапсен поранешен градоначалник

 

Поранешен градоначалник на Ниш е приведен изутринава под сомнеж за кривично дело злоупотреба на службена позиција, изјави портпаролот на Полициската управа Маја Стиљковиќ, пренесува Танјуг.

На градоначалникот М.С. (41) е одреден 48 часовен притвор.

Тој е осомничен за склучување договор со приватното претпријатие „Вилин град“ без согласност од Републичката дирекција за имот.

Се проценува дека буџетот на градот бил оштетен за над 90 милиони динари

27.05.2014 - 11:12
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега