Хрватска и Србија со заеднички договор за заштита од природни и цивилизациски катастрофи

 

Хрватска и Србија подготвуваат договор за заштита од природни и цивилизациски катастрофи и отстранување на нивните последици, а тој договор е пред потпишување, пишува денеска „Политика“.

Текстот на спогодбата е договорен на крајот на минатата година.

- Со години имаме исклучителна сотаботка со колегите од Хрватска, редовно разменуваме информации, а нашите тимови за одбрана имаат заеднички вежби, изјави налникот на секторот за вонредни состојби на српското МВР Предраг Мариќ.

Хрватска и Србија во иднина заедно да се борат против поплавите е договорено и на состанокот на претставниците на Министерството за земјоделство и заштита на животната средина на Србија, и хрватското Министерство за земјоделство и хрватски води за време на изминатиот викенд.

27.05.2014 - 10:27
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега