Нивото на водата во реките во Босна се намалува, состојбата се стабилизира
Нивото на водата во реките во БиХ се намалува и состојбата се стабилизира, а во тек е интензивно испумпување на водата од поплавените подрачја, соопшти денеска босанското Министерство за безбедност.
Покрај претходно распоредените екипи од 12 земји, на терен се наоѓаат и тимови од Данска, кои ќе помогнат со пумпи со голем капацитет и системи за прочистување на водата.
Два хеликоптера на ЕУФОР во текот на денов ќе носат храна и лекови во отсечените села околу Зеница, додека босанските безбедносни сили ќе вршат достава на опрема, храна и вода по копнен пат.
Медиумите објавија дека во поплавените градови состојбата се стабилизира, продолжува чистењето и дезинфекцијата на станбените објекти. Во тек е и собирање податоци за причинетата штета, како и делење на хуманитарна помош.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа