Графит на Ѓоковиќ осамна во Белград - еве зошто
Во Белград осамна голем графит со ликот на Новак Ѓоковиќ. Авторот на графитот сакал да го овековечи напорот на тенисерот кој Новак во емисијата на BBC зборуваше за светските медиуми кои доволно не известувале за природната катастрофа во Србија, БиХ и Хрватска.
- Графитот го направив поради сјајниот потег на Новак кој успеа да го тргне анимозитетот на светските медиуми, кои не сакаа ништо подетално да кажат за поплавите во Србија и кои не ставаа во рубрика „Африка“. Сите сакаа Југославија да се распадне и така уживаа додека имаше војна Новак пред се е човек со големо срце, и тој за пет минути повторно ги обедини сите народи од поранешната Југославија со неговиот говор. Поуката на графитот е дека што и да ни се случи никогаш да не се откажуваме, што Ноле безброј пати тоа ни го докажа, рекол за блиц авторот на графитот Андреј Јосифовски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа