Иванов предаваше во Рим

 

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов денеска во рамки на посетата на Италија, на предавање во италијанскиот Институт за меѓународни работи во Рим, го истакна значењето на транспортните комуникациски коридори во регионот и во Европа од минатото до денес, на тема „Од Виа Игнација до Виа Европа“.

Македонскиот претседател, како што јави известувачот на МИА, ја повтори пораката од неговите денешни разговори со италијанскиот претседател Џорџо Наполитано, за клучноста од поврзувањето на Коридорот 8 со Јадранско-јонската магистрала. Се очекува овој предлог да се најде на агендата на италијанското претседателство со ЕУ кое почнува на 1 јули.

Денеска ќе биде потпишан и меморандум за соработка на правните факултети при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје и Универзитетот „Ла сапиенца“ во Рим.

Програмата на манифестацијата продолжува вечер со изведба на балетската претстава „14 часа“ во тратарот „Куирино“, во продукција на МОБ. Автор на музиката е Кирил Џајковски, кореографијата и сценографското идејно решение се на Игор Киров, костимите на Александар Ношпал, а режијата и либретото на Наташа Поплавска. Во современото балетско дело настапуваат Александра Мијалкова, Наташа Јосифовска, Саша Евтимова, Билјана Басмаџиева, Ангела Велевска, Васил Чичијашвили, Игор Велановски, Јан Кисилев, Агим Бафтии и Иван Бојко.

 

23.05.2014 - 15:02
Фото: 
МИА
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега